На патниот правец Прилеп – Кавадарци, после планинскиот премин Плетвар, од с. Беловодица до С. Тројаци, во должина од 4км. сообраќајот се одвива со повремени прекини поради силен ветер и поголеми намети на снег на коловозот. Екипите на Ј.П.Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот – информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Граѓани на социјалните мрежи сведочат дека неколку часа се заглавени на Плетвар.