Нови маки за кандидатите за возачи од Битола и регионот. Ако досега проблем беше тоа што кандидатите мораа да полагаат најмалку три пати, а по некогаш и четири и пет пати, а со тоа да трошат огромни парични средства за да се стекнат со возачка дозвола, капак на се’, лиценцата на Испитниот центар кој ја покрива Битола и регионот истече, па сега идните возачи не знаат колку ќе треба да чекаат за да дојдат до возачка дозвола.
Во овој вакум простор додека битолчани и жителите на регионот кој го покрива СВР Битола, не можат да полагаат за возачка дозвола, многу интригантни написи беа објавувани по социјалните мрежи и медиуми и видлива беше бурната реакција на граѓаните.
Заклучокот кој што се наметнува е дека традицијата трикратно, па дури и петкратно да се полага, особено вториот дел од практичниот возачки испит најверојатно исклучиво е во функција на остварување профит за фирмата, а не е во прашање знаењето или незнаењето на кандидатите?
Како би се квалификувал овој процес можеме само да претпоставуваме, ама повеќе од очигледно е дека кога профит е во прашање, грижата за граѓаните не постои.
Математички, како што имавме прилика да прочитаме од медиумите и социјалните мрежи, дека дополнителниот износ кој го плаќаат кандидатите е околу 9.200 денари, и тоа ако само, како што и најчесто се случува, најмалку три пати неуспешно го полагааат вториот практичен дел.
На овој начин станува збор за профит од околу 9 милиони 159 илјади денари, и тоа ако од 1.500 кандидати годишно, просечно изнесува дури околу илјада најмалку три пати го полагаат вториот практичен дел. 9 милиони денари се околу 150.000 евра. А, можете да замислите колкав е износот, ако наместо по три пресметката се направи по пет пати.
За проблематиката во повеќе наврати пишуваа и од битолскиот портал “БАБАМ БИТОЛА”, каде стотици граѓани со свои коментари го искажаа својот гнев: