Кај нас толку е дневница: Од октомври во Германија еден сат работа ќе се плаќа 12 евра

Германската влада исполни едно од главните ветувања – минимумот ќе биде поголем. Но, дебатата во парламентот во петокот веднаш го отвори прашањето дали тоа е доволно за нормален живот поради високите цени.

Законската минимална саатница во Германија од 1 октомври ќе изнесува 12 евра, одлучи Бундестагот со гласовите на владејачката коалиција на Социјалдемократите, Зелените и Либералите и Левицата.

Членовите на Конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) беа воздржани, како и членовите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Во моментов минимумот во Германија е 9,82 евра на час бруто. Таа сума на 1 јули треба да се зголеми на 10,45 евра. Во исто време, минималната плата за кратки, таканаречени мини работни места се зголемува од 450 на 520 евра.

Предлог-законот се базираше на тоа што во моментот околу 6,2 милиони вработени работат за саатница помала од 12 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.