Кај нас се намалуваат плати, а видете што се случува во Србија: Вучиќ – “Секој полнолетен граѓанин ќе добие по 100 евра – државата има пари!”

Претседателот на Србија, Алксандар Вучиќ, ги претстави економските мерки кои ќе ги преземе државата.

– Имаме пари за економија, има и за уште нешто. Размислуваме да му дадеме на секој полнолетен граѓанин на Србија помош од 100 евра. Независно дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа ќе биде околу 520 милиони евра- рече Вучиќ.

Сакаме да им помогнеме на претпријатијата да преживеат, но на тоа ќе може да сметаат само оние кои не отпуштиле повеќе од 10% од работниците.

– Сите претпријатија, микро и малите фирми, за три месеци, макар и кризата поради вирусот да не трае три месеци, ќе им дадеме пари за да исплатат минимална плата – најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.