Кафулињата и рестораните во Македонија наскоро започнуваат со работа

Рестораните ќе работат само надвор, со одржување на потребната дистанца.

Дозволете ова да го финализираме и официјално да го објавиме, навести на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Рестораните и кафичите за почеток ќе работат само надвор, се разбира со одржување дистанца, во јавниот превоз ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а ќе се спроведе и систем за контрола, рече Филипче и додаде:

„Но дозволете сето тоа до крајот на неделава да се финализира и да се објави од страна на комисијата, па некаде од почетокот на следната недела и да биде во функција.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.