Кастратовиќ го расплака Куманово во последните 3 секунди – Прилеп стигна до вредни бодови на незгодно гостување

Шок завршница во Куманово на гостувањето во кое РК Прилеп стигна до петтата победа сезонава во Супер лигата. Владан Кастратовиќ му донесе триумф на Прилеп со гол во последните секунди од средбата, за конечни 28:29.

Се играше изедначен натпревар во кој прилепчани три пати имаа водство, два пати во првото полувреме и само еднаш во второто. Пресудна за целиот плен од гостувањето во Куманово беше тактиката на тренерот Таневски, кој во текот на целиот натпревар ги постави играчите во зона 5:1 и 4:2, а во клучните моменти во напад Прилеп играше 7 на 6.

Маестрален во завршните моменти беше голманот Илчо Ивчески кој забележа две клучни одбрани, а Владан Кастратовиќ го постигна победничкиот гол на само 3 секунди до крајот на натпреварот.

Сега Прилеп има 10 бода и се на 8 место, го скокна Пролет на табелата, додека Куманово останува на делба на претпоследното место заедно со Струга.

Во наредното коло Прилеп го пречекува Бутел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.