Каракамишева: “Доста веќе ги мафтате и лажете луѓето, прогласете ги преговорите за пропаднати, нема решение за името”

 

(Фејсбук статус на Професорката Тања Каракамишева)

ДОСТА ВЕЌЕ ГИ МАФТАТЕ И ЛАЖЕТЕ ЛУЃЕТО!

Кажете јасно и гласно дека нашето уставно и државно име не може да се реши со еден или со два амандмани во Уставот, како што упорно се пењавите вие во СДС.

НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО!

Прогласете ги за пропаднати преговорите затоа што само тоа е логично, нормално и вистинито!

Смешни сте, глумите паљачовци во очите на сите и дома и пред меѓународната заедница!

Преговарате за РАБОТИ ЗА КОИ НЕ СЕ ПРЕГОВАРА!

Ви се смеат зад грб и се крстат со две раце од што материјал сте направени!

Никаков амандман/и што мислите да ги ставите во Уставот нема да бидат прифатени!

НЕМА ДА ВИ ПОМИНАТ!

А згора на се, Грција нема да се задоволи само со еден или два амандмана, како што малоумно не убедува Бујар Османи, туку ќе бара и гаранции за спречување на некаков божемен иредентизам кој НЕ ПОСТОИ! И Судот во Хаг рече дека НЕ ПОСТОИ!

Грција бара целосно збришување на Македонците од картата на народи! САМО ТОА Е ЦЕЛТА И ВИСТИНАТА!

Маската зад која се кријат е формулата erga omnes за име кое ќе биде за севкупна употреба!

За промена на ДРЖАВНОТО ИМЕ, и на нашиот ИДЕНТИТЕТ НЕ МОЖЕ ДА ОДЛУЧИ НИТУ ЕДНА Македонска Влада.

Од друга страна, во Грчкиот палмамент нема да биде прифатен никаков меѓународен договор без гаранција за целосна промена на Уставот на РМ, бидејќи грчките политичари знаат дека со меѓународен договор не може да се создаде ново државно име, ниту идентитет на една држава или еден народ.

Само меѓународен договор, без промена на Уставот, за Грција е незавршена работа или едноставно според нив НИКАКВА работа!

Без нивната формула ЕРГА ОМНЕС сите договори ќе бидат читани како обична шминка без никакво правно дејство!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.