Кандидатот за пратеник на СДСМ потврди дека Заев во програмата предвидува редефинирање на државата (ВИДЕО)

Ѓулумсер Касапи која се наоѓа на кандидатската пратеничка листа на СДСМ на второто место во шестата изборна единица, веднаш зад носителот Петре Шилегов, за време на гостувањето на Алсат потврди дека лидерот на партијата Зоран Заев во својата програма предвидува рефединирање на државата.

 

1

Касапи во своето излагање оди чекор понатаму и додава дека во Платформата на СДСМ имало и специјална програма за да се тргне прашањето за јазикот од дневен ред.

-Платформата која и јас ја поддржувам, како и принципите кои се поставени силно во предизборната платформа ме убедуваат дека СДСМ, предводен од господинот Зоран Заев ќе ја реализира и ќе ја отстани од дневен ред употребата на албанскиот јазик во Македонија. За тоа сигурно ќе се подготвува и специјална програма која секако ќе биде усвоена во највисоките државни инстанции, вели Касапи.

Кандидатот за пратеник убедува и дека предизборната програма на СДСМ озовможува да се решаваат многу значајни прашања за Албанците вклучително и прашањето на јазикот.

-Сум ја прочитала и сум ја студирала многу добро програмата на СДСМ и дефинитивно верувам дека многу проблеми ќе се решаваат и меѓу и проблемот со албанскиот јазик, истакнува Касапи.

Сепак, не ја крие разочараноста бидејќи другите албански партии, како што вели, не успеале да ги решат прашањата кои се од витално значење за Албанците, давајќи им надеж на гласачите Албанци дека тоа ќе го стори СДСМ.

-Имам впечаток дека албанските партии карајќи се една со другата не успеваат да ги решаваат виталните и главните прашања, рече Касапи.

На прашањето како би гласала доколку СДСМ има негативен став по однос на некое прашање кое е во интерес на Албанците, таа одговара дека ќе гласа како Албанка. Односно со други зборови успраќа порака дека Македонците кои ќе гласаат за листата на СДСМ во ИЕ 6 не го даваат својот глас за партијата СДСМ туку за некој кој ќе гласа понатаму во Парламентот водејќи се од интерсите на етничките Албанци. Попрецизно, глас за неа е глас за СДСМ и глас за СДСМ е глас за неа.

За плановите кои Заев ги има за редефинирање на државата, како и дека истите се наоѓаат во програмата на СДСМ, вчера говореше и кандидатот на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски.

1

                                                             дел од програмата на СДСМ

-СДСМ предвидува децентрализирање и на социјалната заштита, управувањето со земјоделското земјиште, шумите, пасиштата. Скандалозно и опасно за иднината на нашата земја. Граѓаните мора да го знаат ова. Граѓаните мора да знаат дека на 11 декември одлучуваат меѓу унитарна и суверена македонија или двојазична, кантонизирана и федерализирана македонија. Граѓаните мора да знаат дека на 11 декември одлучуваат меѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата за која што животите ги дадоа илјадници Македонци, истакна Вељаноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.