Камчев до СДСМ: Нема што да очекуваме од вас бидејќи ништо не реализиравте до сега

На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев посочи дека власта предводена од СДСМ, и локална и централна, ништо не прават за доброто на граѓаните, за тоа се сведоци и граѓаните од Општина Валандово.

-Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за изброите во април 2020 година сите проекти од амандманите ќе бидат ставени за да во наредните 4 години да бидат реализирани. Тоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период го покажа како се работи, појасни Камчев. Камчев додаде дека сите канализациони системи во Пирава, Јосифово се реализирани од локалната и државната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нема што да очекуваме од СДСМ, бидејќи како и обично ништо не прави за општината Валандово. И граѓаните се свесни за тоа. Но ние како пратеници имаме обврска да поднесуваме амандмани и да ги застапуваме интересите на граѓаните. Но и да бараме од владата реализација на проекти, нагласи Камчев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.