Камерите на Гренланд снимија неверојатен момент: Огромно парче мраз, тешко 10 милијарди тони, плови по океанот (видео)

Научниците го снимија моментот кога огромно парче мраз, долго околу 6 километри, се откина од Гренланд.

Сето ова се случило кон крајот на јуни, а камерите го снимиле кршењето на мразот кој тежи повеќе од 10 милијарди тони и
плови низ океанот.

Парчето мраз со големина на Менхетен, се одвојувало половина час, најпрво ситни делови, а на крајот и голем и дебел дел кој се издигнал над морето, а потоа паднал во водата.

Иако звучи страшно, треба да се има на ум дека тоа е само три проценти од вкупната количина на мраз која Гренланд ја губи секој ден.

Научниците го следат овој процес и неговото влијание на морето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.