КАКО СЕ САКА МАКЕДОНИЈА

kolumna

Македонската света земја, како најубаво катче на балканот накитено со убавините на природата, нејзините прекрасни реки и езера, убави планини и народ храбар и моќен, народ сплотен како едно големо семејство од многу национални малцинства, како браќа и сестри по душа, никогаш нема да дозволиме да го нарушите единството, да згазите по нашето тело и душа. Ние тука сме и за сите непријатели што лакомат по нашиот идентитет по нашето име, имаме милион лавовски усти што за миг ќе ве проголтаат. Ние ја сакаме нашата татковина со цело срце и душа, спремни сме за се’, и по цена на нашиот живот. Затоа ви препорачуваме: прифатете ја нашата девиза, зголемете го вашиот капацитет на помнење и логичко размислување: ,,Дали може народ со своја култура, идентитет и име вие да го прекрстувате? И вашиот и нашиот бог истото ќе ви го каже, детето се раѓа грешно, и затоа се крштева. Но не, ние не сме грешни, и не сме деца, ние сме народ со култура, традиција, со своја историја. Само неколку големи имиња паметот ќе ви го заматат, тука е Агнеза Гонџа Бојаџиу позната како блажена мајка Тереза, родена Македонка, светот ја знае како голем хуманист, Александар Македонски, Гоце Делчев и многу , многу познати имиња . Е, тоа се нашите предци ние сме нивни чеда, и нивна крв имаме, нема да дозволиме образот да ни го валкаат клети душмани. Македонија е наша мајка и треба да си ја браниме, почитувајќи ја петтата заповед „почитувај го таткото свој и мајката своја“ и Исус Христос последните мигови од животот, не жалеше дека ќе умре, сакаше да помогне на мајка си Марија со зборовите: ,,Жено, ете имаш син, покажувајќи во апостол Јован, а него ,,Ете имаш мајка.“ И ние сме Христијани, и си ја сакаме својата мајка, животот би го дале за нејзе, за нашите деца и внуци мирно да спијат, да се восхитуваат на тоа што го имаат, своја самостојна татковина и свој мајчин јазик, Македонски. Не што не ве сакаме, не ве разбираме што вашите погани усти лаат. Ние сме овошна градина со едно стебло, но голема крошна гранки, што раѓаат слатки плодови. Не се обидувајте да ни го пресечете стеблото, зашто богот Македон со сабја во рацете ве посматра од небото, главата ќе ви ја отсече. Корените ни се длабоки ,ние сме стара нација, со млад народ. Не се обидувајте да ни ги поткопате корените, тие уште посилно ќе зараснат. Кој што не може да ве убие ве прави посилен. Нашето стебло ,нашата мала државичка по површина, но голема по име и култура,сакаат да ја спојат во градината ,,Европско семејство“ зашто знаеме, зашто ги почитуваме сите морални догми и човечки кодекси. Вие никогаш нема да не спречите во нашата борба за одбрана на нашата земја. Македонци не има низ цел свет, ако сте против нас, значи сте против целиот свет, а еден против сите не може. Џејсон Мико вели: „Македонци, не потпирајте се на други , туку само на себе си“. Да се потпреме на нашиот покоен крал Александар © Македонски, крал на Македонија и создавач на една од најголемите Империи во човештвото. Личните завојувачки апетити на соседните држави Грција, Србија, Бугарија , никогаш нема да се помират со девизата: ,,Македонија на Македонците“ Цело време спремаат лажни сценарија, со цел да го оцрнат Македонскиот народ и држава, вложуваат милиони за поткуп за да го убедат светот дека Македонскиот народ нема идентитет и е населен со нивни сонародници. Но Македонија е земја на стара цивилизација, култура и историја. Секој камен од нашите предци е гроб за Македонија. Според зборовите на Тодор Петров: „Промената на државното име не е слобода на мислата или демократијата, туку злосторство против човештвото, геноцид врз Македонскиот народи кривично дело за велепредавство“. Гемиџиите не биле индијанци туку Македонци. Сите ние сме Македонисти, луѓе што безусловно си ја сакаме нашата древна и света земја. Ќе го цитирам Александар Македонски: ,,Силата не е во мнозинството, туку во духот, тоа е силата што ја води војната, еден лав совладува многу елени, еден волк многу стада овци. Сите ние по име и род Македонци не треба да заборавиме кои сме, сите треба да твориме во служба на Македонската кауза. Оваа земја во која живееме денес, оваа земја која го буди чувството на себе почитување, знаејќи колку е скапо платена слободата со крв, пот и човечко месо, оваа земја вреди да се брани. Македонскиот народ ја научи лекцијата ,нема никогаш да му ја даде власта на тие кои заговараат промена на државното име, го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Тие продадени души, душата си ја продадоа на ѓаволот, сакајќи да го сменат своето име, но името е идентитетот на еден народ. Но ние имаме цврсто внатрешно јадро, со гордост тоа го прифаќаме и со гордост одиме кон нови победи. Ние сега кога имаме своја држава и свој народ, нема да му дозволиме на некои болни умови од внатре да не прекрстуваат и уништуваат. Ние ќе ги победиме нео врховистите, од родниците, платениците и квислинзите. Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сиот Балкански нарот, во чија основа е Македонскиот етнос. Како браќа и сестри Македонци да го градиме македонскиот свет сите заедно со браќата Македонци муслимани, да бидеме единствени во одбраната на државното име и за победа на Македонија, не заборавајќи дека македонската цивилизација е основа на современата културна глобализација. Македонија од памти век, Македонија вечна! Да живее Македонија!

Олга Наумовска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.