Kaко е тоа да се биде постојано гладен знае 9-годишното девојче Ена од Грачаница во Босна и Херцеговина. Иако е само дете, животот веќе и ги “покажал забите” – со овие зборови ја започнуваат сторијата од босанската “Нова ТВ” за малата Ена која живее само со нејзината баба.
Нејзината баба Хавка и е единствената поддршка во животот, откако мајка и’ ја оставила кога била бебе.
Двете живеат со само 100 марки (3127 денари) социјална помош годишно или околу 8 марки месечно (250 денари).
“Најтешко ми паѓа кога Ена ќе ми каже, мајко треба да одам на екскурзија, а јас немам да и дадам. Потоа позајмувам, па кршам раце како ќе ги вратам”, вели баба Хавка.
Целата сторија погледнете ја во продолжение:
Ако некој е во можност и сака да донира, трансакциската сметка и адресата на ова семејство од Босна и Херцеговина, погледнете ги ТУКА