Како и во Прилеп и во Битола: “Скандалите со непотизмот на актуелната власт во Битола во овие неколку месеци владеење никако да застанат?!”

Скандалите со непотизмот на актуелната власт во Битола во овие неколку месеци владеење никако да застанат, ова преку прес конференција го потенцираа вчера од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

-Вработувањето на најблиските роднини е вистинската причина поради која СДСМ се бореше да дојде на власт. Со донесената одлука на директорот на ЈЗУ Клиничка болница Битола по огласот кој течеше изминатите денови, предвидено е вработување на сопругата на претседателот на ОО на СДСМ во Битола како дел од групата на немедицински кадар. Она што во Битола го најави Наташа Петровска со вработувањето на нејзиниот брат, а во периодот наназад продолжи со вработување на најблиските роднини на функционерите денес гледаме дека непотизмот бил подржан и одобрен од највисоките партиски тела на СДСМ во Битола. Сето ова се случува кога здравството секојдневно го тресат скандали поврзани со милионски суми на евра, а Клиничка болница Битола се соочува со недостаток на медицински кадар. Предвидените работни места на немедицински кадар во Клиничка болница Битола согласно овој оглас очигледно се креирани според потребите на актуелните функционери, истакнуваат од Општинскиот Комитет на Битола.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола додаваат дека ова е далеку од високото ниво на морал и етика кое беше промовирано од власта во предизборието. „Животот за сите“ значел живот за неколкумина функционери кој треба да го плаќаме ние граѓаните. Во интерес на пошироката јавност, а со цел запирање на оваа лакрдија што е можно поскоро, во периодот кој следи од страна на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола ќе бидат презентирани сите случаи на непотизам на власта во Битола.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.