Како изгледаат најдобрите светски обиколници – некогаш тоа ќе бидат и двете што ги вети градоначалникот на Прилеп?” (ВИДЕО)

Изградбата на обиколници на патиштата во денешно време кога сообраќајот во градовите е густ, е навистина корисна и неопходна работа.

Сите знаеме колку е напорно кога патуваме и мораме да поминиме низ внатрешноста на некој град, па да го продолжиме патот кон нашата дестинација.

Тоа секогаш значи губење на време и нерви, па патувањето ви изгледа како цела вечност.

Светските метрополи и градовите во Европа веќе одамна го имаат решено овој проблем, во Македонија ретко каде можеме да наидеме на обиколница преку која можеме да го избегнеме градското јадро.

За пример ви ги прикажуваме најубавите обиколници во Пакистан и Индија.

Изградба на обиколници во својата предизборна кампања вети и актуелниот прилепски градоначалник Илија Јованоски.

Тој на прилепчани им вети изградба дури на две обиколници, едната која ќе го поврзува патот Градско-Прилеп-Македонски Брод и втората регионалниот пат Македонски Брод- Прилеп-Битола.

За жал овие ветувања на Јованоски се далеку од реализација, всушност не е фрлена ниту првата лопата, па поради тоа изградбата на овие обиколници за прилепчани е сеуште научна фантастика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.