Човекот кој купи куќа за едно евро во Сицилија, откри како го остварил својот план кој бил “прмногу добар за да биде вистина”.
Дени МекКубин, 56, купил куќа во Мусомели, Сицилија, и ја искористил “понудата 1 евро” – кампања која беше започната да ги поттикне странците да вложуваат во овој регион.
Мусомели е градче со 11.000 жители, а куќите се продаваат за само едно евро, единствениот услов е реновирање на куќата во наредните три години.
Целта на оваа кампања е да се зајакне локалната економија и да се поттикнат луѓето да ги населуваат напуштените градиви.
“Прочитав статија дека куќите во Сицилија се продаваат за едно евро. Волонтирам во Италија речиси 10 години и отсекогаш сум сакал да се преселам тука”, вели Дени за LADbible.