Како да излегла од бајка: Златокосата навистина постои и доаѓа од Русија – ФОТО+ ВИДЕО

Дарија е сопственичка на една од најубавите и најдолгите фризури на светот и не планира за скоро да ја скратува.

1

Русинката Дарија Губанова од неодамна стана популарна на интернет, како и во својата земја, каде поради својата преубава, долга коса, го доби надимакот “вистинска Златокоса”.

Иако својата коса ја расте од 2003 година, оваа девојка од градот Барнаула, дури сега го доби вниманието на јавноста и интересниот надимак.

Во изминатите 13 години, Дарја не се оптеретувала со одење на фризер и во салони за разубавување и од тогаш косата ја нема скратено ниту еден милиметар.

Тајната на нејзиниот успех лежи во маслото од ленено семе, кое ја негува и поттикнува на раст косата. Поради тоа нејзината коса изгледа толку густа и негувана.

Губанова не планира да ја скратува косата, барем додека не ја исполни својата цел, а тоа е да има коса до стапалата.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.