КАКОВ “УДАР” ЗА РОНАЛДО: Тренерот на Јувентус донесе одлука која го разлути Португалецот !

Ѕвездата на Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо, остана без привилегијата која со години ја имаше во клубовите за кои настапуваше.

Имено, Роналдо нема повеќе да ги изведува слободните удари во Јувентус, барем не оние кои се во близина на противничкиот гол.

Тренерот Алегри ја донесе таа одлука, а таа ќе стапи на сила уште на мечот со Каљари. Предност во однос на Роналдо ќе имаат Миралем Пјанич и Паоло Дибала.

Алегри истакна дека Роналдо е паметно момче и знае дека Пјанич и Дибала се одлични изведувачи на слободни удари.

Роналдо имаше предност во првите 10 кола, но не се прослави, затоа Алегри одлчи тоа да го промени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.