Не ретка слика по улиците на Прилеп е да наидете на пластична кеса со кученца или маченца, оставени така од некој НЕЧОВЕК да yмpaт.
За среќа постојат хумани граѓани и здруженија за заштита на животните кои реагираат на ваквите нечовечки појави, ги згрижуваат, хранат и ги подаруваат на љубителите на животни.
За еден ваков пример напиша и фотографот Андреј Златаноски, кој во пластична кеса пронашол две преслатки маченца.
“Денеска овие две мачиња беа пронајдени исфрлени во пластична кеса која беше врзана. Ги згриживме овие две братчиња кои се неразделни еден од друг.
Ако тие можеа да проговорат, се чудам какви ли се тајни ќе слушнев..
Но затоа го доловив тој момент во нивните очи кои јасно говорат, очи во кои јасно се гледа тагата и осаменоста кои тие ја чуствуваат, многу нормално, како вие ќе се чуствувате да ве разделат од мајка си, затворени во кеса и фрлени на улица? Ова се прашања кои сакам да му ги поставам на НЕчовекот кој го сторил тоа.
Како и да е мачињата се во добра состојба. Има многу нелуѓе што го прават ова, не ми е прв пат да пронајдам мачиња во кеса, се надевам дека ако налетате на ваков случај дека ќе изреагирате исто како мене и дека ќе го спасите животот на суштество кое не е ништо поразлично од вас”, напиша тој на ФБ.