До крајот на работната недела подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината и ќе достигнат до 25 степени.
Во западните делови ќе имa услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и четврток