Какви трикови користат трговците за да продадат стар производ?

srjfdagdfgdsfgdf

За разлика од европските маркети во кои на посебни гондоли храната пред истекот на рокот на траење се продава по цена пониска и од 70 проценти, кај нас трговците, посебно оние малите, користат разни трикови за да продаваат стари производи и најчесто успеваат во тоа.

Лимонтус и камилица за свеж изглед на месото – За да изгледа посвежо, во месото се додава лимонтус и витамин Ц, кои на вештачки начин го продолжуваат рокот на траење. Исто така, пилешкото, свинското и јунешкото месо се мачкаат со чај од камилица, за да го изгубат непријатниот мирис.

Светлото и зачините ги прикриваат маните на месото – Во некои месарници, фрижидерите имаат црвено светло за на купувачите да им делува дека месото само што излегло од производство. Месото кое веќе почнало да ја менува бојата и да се суши од стоење, месарите го ставаат во зачини и го продаваат како мариниран специјалитет, а најлесен начин да се продаде старото месо е од него да се направат плескавици или ќебапи.

Вода и лед за зеленчукот – Зеленчукот, а најмногу зелената салата и зелката, трговците ги прскаат со вода во која има малку детергент за садови, за да изгледа посјајни и посвежо. Овошјето и зеленчукот трговците најчесто ги чуваат на мраз за подолго да изгледаат свежи, а се случува и да ги премачкаат со тенок слој на масло, за да делуваат сјајно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.