Каква политика, таква шаховска игра – се мајтапат корисниците на социјалните мрежи, откако вчера играше шах со пензионерите од Здружението на пензионери од Тетово.
„Со чесни политики покажавме дека пензиите можат значително да растат, а истовремено ја намалуваме и дупката во пензискиот фонд, денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии“, рече Заев.
Ако неговите политики се чесни како шаховските игри, а најверојатно се, тешко народот… – коментираат оние кои знат барем да ги наместат фигурите на шаховската табла.
Како првак во шах ме печат очите, бидејќи син ми што има 3 години знае дека фигурите се местат покрај буквите, а не вака. Каква игра во политиката, таква и на шаховската табла…основни, фатални грешки од самиот почеток – стои во коменетар.