Британски пензионер (81) тргнал од Њукасл за Рим, како би го посетил Ватикан, па ја вклучил сателитската навигација и започнал да ја следи.
Меѓутоа, тој по грешка напишал “Ром” наместо “Рома” па навигацијата го одвела во западна Германија. Имено, таму има мало село кое се вика Ром.
Кога навигацијата го “известила” дека пристигнал на крајната дестинација, тој излегол од автомобилот како би го видел Колосеумот или Систинската капела, но она што можел да забележи биле само една улица и неколку куќи.
Кога дознал каде се наоѓа старецот го променил правецот и тргнал кон Италија, но светот дозна за неговата авантура.