Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчершниот ден (15.07.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведе регионална акциска контрола за откривање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли, при што преземени биле вкупно 31 мерка (16 на подрачје на Битола и 15 во Прилеп).
Исто така, при контролата откриени биле и 21 останати прекршоци – информираат од СВР Битола.