Театарот „Војдан Чернодрински“ во сабота вечер 23.02.2019 од 19.30 часот повторно пред публиката ќе ја прикаже претставата „Казимир и Каролина“ во режија на Нела Витошевиќ. Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст на Еден Фон Хорват.
„Казимир и Каролина“ е претстава за уништените соништа.
Низ кратки слики кои суптилно се претопуваат една во друга претставата ја исцртува изолираноста на поединецот во едно општество што се распаѓа, како и кревкоста на меѓучовечките односи кога човек ќе ја изгуби работата, статусот и слично.
Претставата содржи очигледни алузии на денешната реалност и недвосмислено го отсликува духот на нашето време.
Сценографија – Костантин Трпеноски
Композитор – Огнен Анастасовски
Играат: Казимир – Димитар Ѓорѓиевски, Каролина – Катерина Чакмакоска, Ширцингер – Никола Настоски, Меркл Франц/ Човек со глава на булдог – Зоран Иваноски, Ерна/ Хуанита – Ангела Наумоска, Раух – Игор Трпчески, Шпер – Александар Тодески, Ели – Јасмина Мицовска – Станкоска, Марија /Кепец – Наташа Ачански, Конферансие/Доктор/Келнер – Михајло Миленкоски