Клучниот сојузник на Владимир Путин повика да се започне блицкриг во Украина за да се предададат „во рок од еден ден или два“.
Рамзан Кадиров, водачот на Чеченија, кој има чин генерал-мајор во Руската национална гарда и чии сили се распоредени во Украина, го повикува Путин да ја boмбардира Украина до потчинување за да ги поштеди дополнителните руски загуби.
Тој му рече на Путин „затвори ги очите пред сè и дозволи ни да го завршиме сето тоа“, пренесува Дејли Меил.
Моќниот Кадиров – кој го има увото на Путин и го споредуваа со синот што никогаш го немал – рече дека сегашните воени тактики на Русија се премногу меки.
Во аудио порака до Путин, 45-годишникот рече: „Другар претседателе, другар врховен командант – Јас повеќе пати реков дека сум твој скромен пешак, дека сум подготвен да го дадам својот живот за тебе.
„Но, не можам да продолжам да ги гледам моите – и нашите – борци кои умиpaaт, силите на нашето министерство за одбрана, националните гарди и другите…
„Силно ве замолувам да ги затворите очите пред сè и да ни дозволите да го завршиме сето тоа во рок од ден или два”