РК Прилеп го забележа и дванаесеттиот пораз во ракометната Супер лига сезонава.
Синоќа во салата во “Ристе Ристески-Ричко”, прилепчани загубија од ГРК Тиквеш 2014 со 24-31 (12-17 на полувремето).
После овој натпревар РК Прилеп останува на деветтото место на табелата со 5 победи и 12 порази, а Тиквеш продолжува да ја води битката со Пролет за петтото место.
Во наредното коло Прилеп има нов важен натпревар на гостувањето кај Струга, која е десетто рангирана со само два бода помалку од прилепчани.