Показно тактичка вежба ќе се реализира во сабота со почеток од 12 часот во Кавадарци, на спортските терени „Јасмин“. Вежбата е за обезбедување на место на несреќа, гаснење пожар, спасување, евакуација и транспорт на настрадани лица.
Според сценариото за вежбата, учесници се претставници на МВР, оддел за заштита на личности и објекти, оддел за специјални полициски операции – единица за специјални задачи „Тигар“. Ќе учествуваат и припадници на хеликоптерската единица, единицата за службени кучиња при МВР и припадници на кримтехника и сообраќајна полиција од СВР Велес – полициска станица Кавадарци.
Во вежбата ќе бидат вклучени и од локалната самоуправа, територијалната против пожарна единица Кавадарци и Неготино, итната медицинска помош Кавадарци, општинската организација на Црвен Крст Кавадарци и подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.
Денеска беше изведена генерална проба за оваа голема вежбовна активност на надлежните институции за дејствување при непогоди.