Одделението за анестезиологија и интензивна медицина при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Борка Талески – Прилеп е збогатено со два нови пациент-монитори од реномираниот бренд Mindray, како донација од општествено одговорната компанија Алијанса Уан од Кавадарци.
Континуираното и прецизно мониторирање на виталните параметри кај пациентите претставува суштински сегмент во современата анестезиолошка и интензивна нега.
-Новонабавените монитори ќе овозможат повисоко ниво на безбедност, побрза клиничка проценка и поефикасно следење на пациентите во текот на интензивното лекување и постоперативната грижа, со што директно се унапредува квалитетот на здравствената услуга. Во таа насока, изразуваме искрена благодарност до компанијата Алијанса Уан за нивната хуманост, општествена одговорност и континуирана поддршка на јавното здравство, како и за довербата и соработката што ја градиме во интерес на пациентите и заедницата, стои во соопштението од прилепската болница “Борка Талески”.


























