Американскиот претседател Барак Обама и САД се залагаат за илегалната миграција, затоа што сакаат што повеќе муслимани во Европа, порачаа денес од кабинетот на унгарскиот претседател Виктор Орбан.
Шефот на кабинетот на Орбан, Јанош Лазар рече дека американскиот милијардер Џорџ Сорос ја предводи миграциската политика на Обама за Европа и додаде дека одредени групи во САД сакаат на тој начин да ја натераат Европа што повеќе да соработува со САД.
Тој додаде дека Сорос е шеф на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и на фаворитот на Демократите за претседател Хилари Клинтон.
Исто така нагласи дека американската администрација е спремна да отпочне кампања против Виктор Орбан.
Обама и Клинтон во повеќе наврати го критикуваа Орбан поради авторитарност и обидите да ги запре граѓанските групи кои се залагаат за правата на ромите и хомосексуалците.
Унгарскиот претседател ги нарече таквите активисти, странски платеници.
А.Г.