Револтирани тутунари и земјоделци денеска излегоа на протест во Долнени.
Тие револтот кон оваа ненародна власт и министерот за земјоделие го искажаа со блокирање на патот и палење на тутунот чија ниска цена е неприфатлива за нив.
Протест се одржа и на патот кон „Плетвар“ каде исто така револтирани тутунари од Прилеп и прилепско преку блокада на патот го искажаа својот револт кон оваа власт.