И после Марота – “Марота”: Jувентус продолжува да носи играчи за без пари

Иако Џузепе Марота (спортскиот директор кој донесе повеќе звучни имиња без обештетување) го напушти Јувентус и премина во Интер, “старата дама” продолжува со политиката на доведување играчи без обештетување.

Како што пренесува англискиот “Тајмс”, актуелниот шампион на Италија ги договорил условите за соработка со Арон Ремзи од Арсенал, па тој од лето ќе стане член на Јувентус.

Тој одбил да го продолжи договорот со “топџиите” и ќе се пресели во Торино, каде ќе заработува по 6,8 милиони евра годишно.

Договорот е потпишан на пет години. Што значи дека Јуве за неговите плати ќе издвои 34 милиони евра, под услов тој да го одработи целиот договор со “бјанконерите”.

За неговите услуги биле заинтересирани и Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ, но Велшанецот одлучил да ја прифати понудата од Јувентус.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.