И покрај сите закани, уцени, притисоци референдумот во Прилеп е НЕУСПЕШЕН? Очајна излезност. МВР ќе има многу работа за злоупотребите?

Согласно пристигнатите резултати до 17 часот и од вкупно обработените податоци во Прилеп гласале 19,455 гласачи или 30,43 отсто од вкупниот број на гласачи. Излезноста до овој момент е драстично помала во однос на парламентарните избори во 2016 година и локалните избори во 2017 година.

Според она за што информираат граѓаните и дел од избирачките одбори забележани се низа нерегуларности на повеќе избирачки места

Порталот “Лидер” информираше за носење на гласачи до избирачки места од ромска националност и тоа со службени возила.

Постојат информации и за наводни притисоци во јавните претпријатија и државната администрација.

Граѓаните информираа и за агитирање до избирачки места од страна на директори и партиски високи функционери…

Покрај тоа, беше објавена информација дека од неколку телефонски броеви било ѕвонето и биле испраќани СМС пораки до симпатизери и членови на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.