Ниту на стартот од втората полусезона во Втората лига – Исток, Победа не може да дојде до три бода.
После нерешениот резултат минатата недела во Крушево, каде Победа се спаси со гол во 96-та минута против Питу Гули, денеска црвено-белите на домашен терен доживеаа уште еден неуспех.
Во Прилеп Победа беше совладана со 0:2 од Брегалница, при што го забележа 10-от сезонски пораз.
Победа во моментов се наоѓа на осмото место во Втората лига – Исток, кое води во понизок ранг на натпреварување.