Навивачката група “Мајмуни” и оваа година традиционално ќе го одбележи Коледе под северната трибина на градскиот стадион “Гоце Делчев”.
“Традиционално коледарски оган под северната трибина и оваа година,со нова енергија со нови и чисти мисли за успех на Македонија за успех на Победа и конечно завршување на нашиот храм Гоце Делчев. Покана до секој прилепчанец покана до секој искрен и чесен македонец како години назад така и оваа да се прослави православно коледе со Македонско вино и ракија 19:00ч под Северна Трибина. Честито Кумство на годинешните кумови и што побројни за во 2021”, напишаа “Мајмуни” на Фејсбук.