Со бурек, греано вино и топол чај, и оваа година на православниот христијански празник Св.Василиј, а во организација на општина Прилеп, ќе се одржи манифестацијата „На Василица во Прилеп“.
За таа цел општината упатува покана до сите граѓани на ден 13.01.2023 (сабота), во 12 часот заедно да го одбележиме доаѓањето на православната Нова година на платото пред Градскиот Саат.
-Сакам да Ве поканам во името на Општина Прилеп, во сабота на 13-ти јануари, ден пред големиот празник Св. Василиј Велики- Василица или уште како и што народски си ја викаме православна Нова Година во 12 часот на платото пред градскиот саат заедно да го одбележиме празникот, почитувајќи ги нашите вековни обичаи.
Целта е овие прекрасни наши христијански празници и обичаи да ги изнесиме надвор помеѓу народот и во духот на заедништвото да ги одбележиме заедно.
За среќниот добитник следува пригоден и симболичен подарок. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои што се веќе вклучени и го поддржуваат овој настан, а се разбира дека секој е добредојден кој што сака да го помогне и поддржи овој настан затоа што ова се прави за сите граѓани на Прилеп и за заедништво во нашата општина.-стои во поканата од градоначалникот Борче Јовчески.