Панос Камнос претседателот на партијата Независни Грци еден од клучните коалициони партнери во владата на Ципрас уште еднаш потврди дека нема да го гласа Договорот од Преспа за промена на името на Македонија. Тој најавува пред Договорот од Преспа да пристигне во парламентот во Грција, неговата партија Независни Грци ќе ја напуштат владата.
– Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, вели лидерото на партијата Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција. Во интервју за радиото „Реал фм“, тој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да отстапи од позициите.
На потпрашање од грчкиот новинар вели дека дури и сите обврски да ги исполни Македонија, Независни Грци нема да дозволат да се ратификува договорот, односно ќе ја соборат владата на Ципрас.
– Кога и да дојде договорот во парламентот, ако поминат сите процедури од страна на Скопје, Независни Грци ќе ја напуштат владата. Ние тоа јасно го имаме кажано, не можам да се согласам за кое било решение што ќе го дава името Македонија без да му се даде збор на грчкиот народ, рече Каменос.
Во превод ова значи дека и Македонците и сами да гласаат за своето укинување, Грција како и со Привремената Спогодба нема да дозволи таа да се ратификува во Грчкиот парламент и повторно нема да ги почитува одредбите од новиот договор.