По серијата изјави на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи, дека “Албанија и Косово треба да се соединат” доколку нивниот европски пат биде доведен во прашање, реагираше и Европската Унија.
“Изјавите може да се протолкуваат како мешање во внатрешната политика на соседните држави и не се од помош во градењето на добрососедски односи”, изјави Маја Коцијанчич за српски “Телеграф“.
Коцијанчич изјавила и дека ЕУ доследно ги поддржува принципите на помирување и регионалната соработка во Западен Балкан и дека Европскиот совет ја дава поддршката за јасна европска перспектива на државите од Западен Балкан.
Ф.Г.