Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет и е на непристапен терен – информираат од Центарот за управување со кризи.
Исто така и пожарот на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) е активен и е со јак интензитет. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна подршка.
На двата пожари интервенираа: ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со 2 теренски возила; АРСМ со 32 војници; ШС Црн Бор Прилеп со 7 вработени и 1 возило; ЈП Водовод и Канализција – Прилеп со 10 вработени и ЈКП Комуналец – Прилеп со 8 лица.
Наши читатели ни испратија фотографии од пожapoт кој се движи од село Царевиќ кон селата Дрен и Смолани.
Пожapoт се простира на голема површина и зафаќа борова шума.