И “Војводи” со порака до Пендаровски: “Не ја признаваме Северна, оваа држава за нас секогаш ќе биде Република Македонија”

(Соопштение на навивачката група “Војводи” од Тетово)

“Во текот на вчерашниот ден, ние како навивачка група бевме исконтактирани од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, и бевме поканети на заедничка средба со други навивачки групи од Македонија.

И ние, како и нашите браќа Комити, ја поздравуваме оваа иницијатива на Претседателот, меѓутоа денеска прочитавме став на Претседателот дека целта е помирување на навивачките групи во Македонија. И сега се прашуваме, за какво помирување ќе зборуваме ???

Дали се свесни колку македонска kpв е пpoлеана изминативе години ? Дали знаат колку наши припадници се нападнати со твpди пpeдмети, Hoжеви и слично? Paните од yбиcтвото на Саздо се сеуште свежи…

Нема една мирна година каде што нема да заплаче некоја мајка македонска…
Ние како навивачка група Војводи имаме свои КОДЕКСИ и нашиот став околу кодексите е едногласен и непроменлив

– Ние не ја признаваме Северна Македонија, поточно за нас оваа држава секогаш ќе биде Република Македонија

– Ние се бориме за унитарна Македонија

– Ние НИКОГАШ нема да преговараме со група која работи против македонските интереси, група која не ја признава оваа држава, група која не го почитува Уставот, група која има анти – македонски ставови и група која на своја трибина го пали македонското знаме

– Се оградуваме од политички влијанија и контакти со политички лица бидејќи ние се бориме за нашите интереси, сепак ние сме навивачи, а не политичари

П.С. И како македонски граѓани имаме барање до Претседателот Стево Пендаровски. На неговата средба со балисти и шверцери да им постави прашање: на следниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово наскоро, за кого ќе навиваат ?!”, напишаа од навивачката група на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.