Жените ширум светот се израдуваа на резултатите кои беа добиени на истражувањето: На жените им е потребно повеќе сон отколку на мажите, бидеќи нивниот мозок е покомплициран.
Можеби не изгледа многу но на жените им е потребно 20 минути повеќе спиење секоја вечер, за да се справат со оптоварувањата кои ги носи секојдневието. Според истражувањето, мозокот на жените може да се справува да решава неколку задачи во еден момент додека мозокот на мажите го нема овој капацитет во таа мера.
Меѓутоа не треба да се создава генерална слика кога се споредуваат женскиот и машкиот мозок. Овие резултати го претставуваат просекот.
МАРКУКУЛЕ.МК