Ако планирате да го намалите количеството леб или целосно да го отфрлите од исхраната, еве кои промени можете да ги очекувате:
Лебот може да ви обезбеди нутријенти како што се витамин Б и железо. Меѓутоа, доколку го јадете во големи количини, ќе внесите премногу калории и ќе добиете и некој килограм вишок.
Ако се прашувате колку можете да ослабете доколку започнете да го избегнувате лебот, одговорот е дека тоа зависи од тоа колку леб јадете сега.
Ако елиминирањето на лебот подразбира само избегнување на тост за доручек, немојте да очекувате драстични промени во тежината, но ако го избегнувате лебот при целодневната исхрана, тогаш ќе изгубите повеќе килограми.
Калориите во лебот
Ако лебот го јадете со секој оброк, тогаш значително ќе го зголемите количеството на калории во организмот.
За да знаете колку би можеле да ослабите со избегнување на лебот, морате да знаете колку дневно калории внесувате со конзумирањето на леб.
Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а парче од овој леб содржи 74 калории на 30 грама.
Умерено губење на килограми
“Доколку го намалите внесувањето на калории од 100 до 500 дневно, а со тоа сте физички активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин да го изгубите вишокот на килограми”, порачуваат нутриционистите др. Алан Тичендал и Џони Добс од Универзитетот на Хаваите.
Доколку вообичаено јадете парче леб за доручек, нешто повеќе за ужина и сомун за ручек, како и уште едно парче леб за вечера, имајте на ум дека со самото внесување на лебот внесувате 454 калории дневно, односно 3.178 неделно.
Тоа е многу калории!
Дали е вредно да се намали количеството на леб во дневната исхрана?
Ова прашање ќе си го постави секој вљубеник во лебот – дали некој килограм помалку е вреден за да се исфрли лебот од исхраната?
Да резимираме – ДА! Се чувствувате многу подобро и ќе можете да јадете многу други нешта!
А.Г.