По преземањето на кормилото од страна на тренерот Филип Мирчески, Победа започна да го гради тимот за наредната сезона во Втора лига.
Прво засилување е 20-годишниот голман Иван Николоски, инаку син на поранешниот репрезентативец Јане Николоски, кој ги бранеше боите на клубот од 1990 до 1993година, а беше и тренер на клубот во сезоната 2018/2019.
Иван доаѓа од екипата на Беласица каде се задржа само една полусезона. Тој е дете на Победа, а откако ги помина младинските категории на клубот, настапуваше уште и за младинските екипи на Брегалница и Работнички, а потоа и за Дрита, Влазрими, Воска и Силекс.
Покрај Николоски, Победа го досега го ангажираше и напаѓачот Беким Алимоски, кој доаѓа од третолигашот Питу Гули.