Истиот лик кој му се заканyваше на семејството на Јовчески, сега му се заканyва на Мицкоски и неговите деца?

Закани по животот на децата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се упатуваат преку социјалните мрежи.

Имено на социјалната мрежа Фејсбук се упатуваат јавни закани кон семејството на Мицкоски каде се наведува дека доколку му е мило семејството да си остане мирен.

„Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот.

Постот беше споделен од два различни профили, а објавите беа јавно видливи за сите.

Дали по ова ќе следува соодветна пријава од страна на Министерството за внатрешни работи останува да видиме.

Исто така ниту невладините организации блиски до владата никаде ги нема и истите молчат за овој случај.

Инаку доколку детално се прочешла неговиот Фејсбук профил ќе се види дека тој е голем поддржувач на премиерот Димитар Ковачевски како и на власта.

Постојано ги споделува неговиот постови на Фејсбук, а во меѓувреме упатува закани по животот на децата на лидерот на најголемата партија во земјава.

Истиот лик во текот на предизборната кампања за локалните избори, тогаш под име Роберт Вретоски, упатуваше закани до сега актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Содржината на заканите и тогаш и сега е грозна!

Профилот со тоа име сега не постои на Фејсбук, а лицето ги има избришано и содржините со закани кон Мицкоски на претходно споменатите два профили.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.