На вториот кат од КАМ маркетот во Toчила се отвори теретаната “FIT STAR”.
Се работи за нов модерен и со супер услови за вежбање простор кој ќе ги задоволи сите потреби на оние кои вложуваат и се грижат за своето тело.
“FIT STAR” е исполнување на сонот на Антонио Стојаноски, кој конечно после долга работа го постигна тоа што го сакаше.
На прилепчани им понуди место каде ќе можат да вежбаат на квалитетни справи, безбедно, со одличен инструктор, што ќе им овозможи видливи резултати.
Отварањето беше одлично организирано, а како портал кој ги поддржува сите млади луѓе во започнувањето на нови бизниси бевме таму и навистина имаше што да видиме.
Просторот е навистина голем, удобен, има многу справи и претставува вистинско освежување во понудата за вежбање во Прилеп.
Посетете ги и уверете се и самите!