Првпат во историјата, и во машка и во женска поединечна конкуренција U21 – во двете финалиња играат брат и сестра. Неверојатен, историски момент за нашиот спорт, објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој ги објави и одличните резултати на пинг понг клубот 1060 од Ѓорче.
-Сара Стојановска – НОВА ДРЖАВНА ШАМПИОНКА U21! Андреј Стојановски – ДРЖАВЕН ВИЦЕШАМПИОН!
И уште повеќе: За прв пат во историјата – брат и сестра освојуваат 6 медали од 6 можни во сите 6 категории! Ова е подвиг што ја подигнува македонската спортска приказна на ново ниво! Голема чест, голема надеж и огромна гордост за македонскиот пинг-понг, објави Стојкоски.























