Екипата на РК Прилеп стигна до вториот триумф во плеј-аут разигрувањето на ракометната Супер лига. По триумфот минатиот викенд против Скопје, вчера падна и Голден Арт.
Екипата предводена од тренерот Божидар Мојсов и капитенот Филип Велески славеше со убедливи 29:36 (12:17 на полувремето).
Одличната игра во двете полувремиња на целата екипа даде резултат и надеж дека Прилеп и наредната сезона би можел да продолжи да се натпреварува во најелитното ракометно друштво кај нас.
Одбраната на домаќините едноставно немаше лек за најразиграните во редовите на РК Прилеп, Денис Шабановиќ кој стигна до бројка 12 голови, како и Пеце Рајатовски, кој постигна 7. Одлични беа и Владан Кастратович со 6 погодоци и Томислав Квастек со 4.
Во наредното коло, кое на програмата е на 25. февруари, РК Прилеп во салата “Ричко” го пречекува Мулти Есенс.