Според неколку дуќанџии со традиција од Старата прилепска чаршија, последните месеци има чудно раздвижување на сопственичката структура во овој прилепски симбол.
Имено, според нив, иако можеби прометот на продажбата на нивните произвиди од нивните дејности е неколкукратно намален, сепак добро се тргува со објектите.
Имало случаеви кога иселеници од долненските села плаќале и по 15.000 евра за метар квадратен, а интенцијата била да се купува по цело “керме”?
Овој тренд не е непознат и беше актуелен во тетовската и струшката чаршија во периодот од 80-тите години, кога полека полека се раздвижуваше економијата, ама на ваков начин.
Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град, но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар на тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехрамбени производи.
Исто така голема значајност во прилепскиот пазар имале бакалниците од кои селаните се опремувале за подолг период со храна и други потребни материјали.
Старата чаршија е урбанистички комплекс, кој што својот најголем подем го има во вторта половина на осумнаесеетот век и почетокот на деветнаесеетиот век кога во тој период Прилеп бил многу развиен трговски и занаетчиски град.
Во втората половина на деветнаесеетиот век, по серијта пожари која ја зафатиле старата чаршија во Прилеп во 1854,1866 и 1873 година економската и трговскта моќ на страта чаршија опаднала.
Денешниот изглед старата чаршија го добила во втората половина на деветнаесеетиот век а комплексните проблеми, кои го исполнуваат оштественото живеење во овај период , исполнет со кризни состојби на сите нивоа од општествените структури, предизвикале девалвирање на ететските и финкционалните специфики на чаршијата.
Дуќаните во страта чаршија биле со посебен стил изградени кои даваат посебен дух и шарм на просторот. И покрај тоа што се создала старата чаршија, пазарите не го изгубиле својот афинитет покрај големиот број на дуќани кој биле под сопственост на прилепските еснафи и пазарот бил активен, дуќаните си биле дуќани но пазарот останал за век и векови, затоа што по тој пазар биле познати прилепчаните.