Емил Павлов (-60 кг) се бори за втор златен медал од европските првенства во карате откако вечерва со победата против Калвинс Калинс од Естонија во полуфиналето на Европскиот шампионат во Нови Сад, Србија, славеше со 2-0. Павлов постави рекорд во македонското карате на европските првенства, бидејќи ова ќе му биде трет медал по златниот и бронзениот.
Претходно Павлов ги совлада Доминик Имрич (Словачка) 1-1 (прв освоен поен), Јасин ел Атар (Холандија) 6-2 и Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 3-2.
Во сабота во финалето ќе се бори со Анџело Кершченцо (Италија).
На 53.Европско сениорско првенство во Нови Сад настапуваат 662 натпреварувачи од 52 држави.
Извор: ipon.mk