Вечерва во 73 година од животот почина еден од најкултните личности во македонскиот фудбал, Александар Забрчанец – Ацуле.
Ацуле долго време беше претседател на Победа и беше човек омилен помеѓу фудбалерите и навивачите. Неговата работа му ги донесе на клубот најголемите успеси.
Со него како прв човек, клубот два пати беше шампион на Македонија, два пати вицешампион, а го освои и фудбалскиот Куп во сезоната 2001/02.
Забрчанец е роден во 1947 година, а во последните десетина година не беше активен во фудбалот.