ИН МЕМОРИАМ: Почина еден од најмаркантните личности на Битола

Со длабока жалост и сочувство до семејството, денес ја споделуваме веста за заминувањето на еден од најмаркантните личности на Битола, професорот Александар Стерјовски – објавија на социјалните мрежи од Општина Битола.

-Стерјовски остави длабока трага како истражувач, педагог и хроничар на градот. Со своите книги и студии, меѓу кои се издвојуваат делата од серијалот „Битолско десеткнижие“, тој го документираште развојот на архитектурата, културата, спортот, музичката традиција и други области за Битола. Неговите дела претставуваат вистински архив на градската меморија.

За битолчани, тој е симбол на љубовта кон градот, инспирација за идните генерации и жив сведок на неговиот дух. Неговото дело претставува траен споменик на Битола и нејзините најзначајни личности – стои во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.